Google почнува да ја снима Словенија

17

Google 3Интернетскиот гигант Google денеска започнува со снимање на Словенија. Нивните возила Street View со логото на компанијата и камери прво ќе ги снимаат улиците на Љубљана, а потоа и другите словенечки градови и места, јавува словенечката агенција СТА.

Се очекува снимањето да трае три месеци, а апликацијата Street View ќе може да се користи на почетокот на следната година.

Апликацијата овозможува “шетање” по улиците на снимените градови и места и разгледување на знаменитости. Google до сега сними околу 50 држави, вклучувајќи ги Хрватска, Бугарија, Чешка, Украина, Романија, Словачка, Унгарија.