Google постигна договор за плаќање преземени содржини во Франција

59

Google и група француски издавачи соопштија дека постигнале начелен договор за авторски права според којшто технолошкиот гигант ќе им плаќа на издавачите за преземените содржини објавени на таа мрежа.

Начелата договорени меѓу француското издавачко лоби, Здружението на информативни медиуми и Google вклучуваат критериуми, како што се дневен обем а објави, месечен интернет сообраќај и “придонес за политички и општи информации“, пренесува Ројтерс.

Не е прецизирано колку пари, според договорот, ќе добијат членките на здружението, што ги опфаќа националните и локалните издавачи.

Google досега имаше само поединечни договори од овој вид со неколку француски медиуми куќи, вклучувајќи ги Mond и Figarо, а ова е прв колективен договор за авторски права со издавачи во Европа.

Фото: Freepik