Google совети за вработување

27

original_images-google_logo

Фото: Google

Потрагата по работа во денешниот деловен свет не е лесна задача. Дури и првиот чекор, биографијата е комплицирана. Ако припаѓате во категоријата на оние кои се обидуваат да напишат совршена биографија, Google има совети за вас.

Ласло Бок е одговорен за вработувањата во Google. Тој секоја недела поминува низ стотици различни биографии и ги селектира оние коишто најдобро се вклопуваат во Google концептот за вработување. Еве неколку совети што Бок смета дека се најкорисни за оние кои се во потрага по вработување:

Биографијата мора да вклучува специфични детали и потребни информации

Според Бок, поголемиот дел од биографиите содржат нејасни информации. Луѓето обично се трудат нивната биографија да не биде премногу кратка. Бок објаснува дека информациите содржани во вашето CV треба да бидат јасни и детално да ги одразуваат резултатите, вештините и знаењето со коешто располагате.

Битен е контекстот

Бок тврди дека е попаметно да ги покажете полошите резултати поврзани со некоја комплицирана работа, обука или тема, отколку одличните резултати од нешто едноставно.

Подгответе ги одговорите на прашањата пред интервјуто

Откако ќе испратите совршена биографија, голема е веројатноста дека работодавачот ќе ве повика на интервју. Многу е важно да одговорите на прашањата разумно, секој одговор да има поента која го одразува вашиот начин на размислување.