Google го надмина Microsoft и стана втора по капитал IT-компанија во светот

59

Американскиот интернет гигант Google го надмина за прв пат долгогодишниот конкурент Мicrosoft по пазарна капитализација, објави Фајненшал Тајмс.  Така пребарувачот стана втората најголема скапа IT-компанија во светот.
Акциите на Google пораснаа и ја зголемија пазарната капитализација на компанијата до над 249 милијарди долари. Тоа е за речиси две милијарди повеќе од пазарната вредност на Мicrosoft.

Доброто претставување на Google може да се објасни со одржливите позиции на компанијата и во другите сегменти од пазарот: Интернет пребарувањето (66%-ОЈ удел во САД), онлајн-рекламирање, се очекува компанијата да стане  лидер и во мобилните реклами во САД, и мобилните оперативни системи (Android држи 64% од пазарот на паметни телефони), нагласува Bloomberg.

Google и Мicrosoft сепак се уште заостануваат зад лидерот Apple, чија пазарна капитализација е близу 630 милијарди долари.