Google Street View стигна во Србија?

22

google street viewВозило на Google вчера било снимено на улиците на Белград, а фотографиите се појавиле на социјалните мрежи.

Се уште не е позната причината зошто препознатливото возило на Google со голема камера на покривот е на белградските улици и дали Google веќе почна со снимање на Street View, пишуваат српските медиуми.

Google пред неколку месеци поднел барање за реализација на овој свој проект во Србија.

Проектот е започнат во 2007 година. Апликацијата овозможува “шетање” по улиците на снимените градови и места и разгледување на знаменитости. Google до сега сними околу 50 држави, вклучувајќи ги Хрватска, Бугарија, Чешка, Украина, Романија, Словачка, Унгарија. Во јули годинава Google почна со снимање и во Словенија.