Google треба да плати казна од 500 милиони евра во Франција

24

Францускиот регулатор за антимонопол го казни Google со 500 милиони евра бидејќи не ги почитувал привремените наредби кои регулаторот ги издаде за плаќање на надомест за користење на вести во земјата.

Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден.

Медиумите APIG, SEPM и AFP го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив за да се најде заеднички јазик за надоместок за користење на нивните содржини на интернет.

Од Google соопштија дека се многу разочарани од одлуката на францускиот регулатор.

Фото: Pixabay