
Американската технолошка компанија Google вечерва ќе одржи настан „Made by Google“, каде што се очекува да бидат претставени нови производи како што се телефоните од серијата Pixel 10.
Водител на настанот ќе биде комичарот Џими Фалон, а гледачите ќе можат да го гледаат преносот на YouTube каналот на Google од 19:00 часот по средноевропско време.
Покрај новите телефони, беше најавена и можна презентација на паметниот часовник Pixel Watch 4, со подолго траење на батеријата и побрзо полнење, како и подобрените слушалки Pixel Buds 2a, објавува TechCrunch.