Google вложува 300 милиони долари за поддршка на новинарството

21

google-485611_960_720

Фото: Pixabay

Google ќе вложи 300 милиони долари од своето богатство за поддршка на новинските агенции, во борбата против лажните вести, пишува BBC.

Интернет гигантот исто така ќе инвестира во нови технолошки алатки коишто ќе помогнат за подобрување на квалитетот и читаноста на оналјн вестите. Компанијата веќе ги прилагоди своите пребарувачки алгоритми да препознаваат лажни вести, но сега оди чекор понапред.

Google започнува иницијатива наречена Disinfo Lab, којашто ќе користи компјутерски алатки и новинарски надзор за следење на дезинформации.

Освен тоа мега пребарувачот старуваше и проект во партнерство со Универзитетот Стенфорд под името MediaWise, чија што цел е да им помогне на младите читачи да разликуваат вистински од лажно пласирани вести на интернет.