Фото: Google
Google наскоро ќе воведе нова функција во својот пребарувач и во Google Maps којашто ќе прикажува колку време се чека за слободна маса во рестораните, пишува The Verge. Оваа алатка ќе им биде од корист на оние кои не сакаат да губат време кога излегуваат на вечера или ручек.
Опцијата ќе информира во кој период од денот во рестораните има најмногу гости и колку време во просек се задржуваат во објектот. Според Google, на листата ќе се најдат приближно еден милион ресторани ширум светот.
Корисниците ќе треба само да го побараат саканиот ресторан на Google, да ја отворат бизнис листата и ќе го добијат времето на чекање во определениот момент. Ќе може да се одбере и конкретниот час кога корисникот ќе сака да го посети ресторанот и да види колку би требало да чека.
Според Google, проценките времето на чекање се базирани на анонимни податоци собирани низ годините.