Горчливо – слаткиот раст на Ferrero

103

Италијанската мултинационална компанија Ferrero, што ја произведува познатата Nutella, контролира 30% од светскиот пазар на лешници, а во Турција, којашто е прва во светот, производството на лешници е целосно под контрола на италијанската компанија, пишува весникот Il Manifesto.

Како мнозински сопствени, Ferrero со својата политика успеа во Турција да ја намали цената на производот и на тој начин да ја елиминира конкуренцијата на малите производители. Директна последица на тоа е пад на цената на лешниците, но и платите на вработените кои во поголем дел се бегалци од Сирија, а меѓу нив има и многу деца.

Весникот потсетува дека меѓународната организација што се бори против робовското искористување на работниците и претходно го обвини Ferrero поради условите за работа и платите на малолетниците кои работат на полињата на познатата компанија.

Исти такви обвиненија стигнуваат и за однесувањето на компанијата во Гана и Брегот на слоновата коска, африкански земји каде што Ferrero е сопственик на големи фарми за производство на какао.

Организациите за заштита на животната средина го обвинуваат Ferrero дека во тие земји шири производство само на една култура, што драматично може да го уништи балансот на локалниот екосистем.

Фабриката Ferrero е основана пред 75 години во италијанскиот град Алба. Денес сопственик на компанијата е внукот на основачот, Џовано Фереро, а со текот на годините компанијата успеа да се прошири и во своја сопственост да има во големи компании како што се Nestle, Kelloggs и други како и големи фарми за одгледување какао во Еквадор, Гана, Брег на слонова коска. Компанијата има и индустриски погони во осум земји во светот, вклучувајќи ги Кина и Русија.

Фото: Facebook