Гордон Ремзи загубил 66 милиони евра поради пандемијата

69

Познатиот шкотски готвач, Гордон Ремзи откри дека загубил 66 милиони евра, бидејќи бил принуден да ги затвори рестораните во текот на минатата година.

Педесет и четиригодишниот готвач, кој поседува 35 ресторани и планира да отвори уште пет оваа година, призна дека имал големи последици поради пандемијата, а само во јануари изгубил 11,5 милиони евра од резервации, поради воведениот трет карантин, пренесуваат британските медиуми.

Ремзи бил принуден да откаже 22.000 резервации во неговите ресторани во декември, бидејќи Велика Британија повторно воведе строги рестриктивни мерки поради пандемијата.

“Во декември имавме загуба од 11,5 милиони евра од резервации кои исчезнаа преку ноќ. Од 19-ти март до трети февруари изгубивме 66 милиони евра“, изјави Ремзи.

Фото: Facebook