Гордон Ремзи затвора ресторани и испраќа 500 вработени на одмор на неодредено време

89

Популарниот британски готвач, Гордон Ремзи, поради пандемијата од коронавирусот, затвори повеќе негови ресторани, со што околу 500 лица останаа без работа.

Според британските медиуми, пристигнале бројни критики на сметка на Ремзи, поради неговата одлука околу 500 вработени да бидат отпуштени.

Поради намален обем на работа, Ремзи им пишал мејл на своите вработени дека се на одмор на неодредено време. Тој ветил дека сите ќе бидат исплатени до 17-ти април, но немаат никаква гаранција дека би можеле да се вратат на работа ако рестораните повторно бидат отворени.

Фото: Facebook