Gorenje бара стратешки партнер

19

g

Фото: Gorenje

Словенечката компанија Gorenje почна да бара стратешки партнер, а за финансиски советник ја избра компанијата Rothschild Italia, којашто е дел од меѓународната инвестициска банка Rotschild & Co.

Gorenje минатиот месец соопшти дека ќе почне во потрага на стратешки партнер за да ги исполни клучните цели. Тоа ќе биде инвеститор кој ќе стане нов косопственик на компанијата и ќе помогне во долгорочниот раст и развој, пишува Дело.

Како можен купувач се споменува стратешки сопственик од Азија којшто го интересира влезот на европскиот пазар преку словенечката компанија. На пазарот на апарати за домаќинство годишно се вртат околу 250 милијарди долари, а оваа бројка до 2020 година ќе се зголеми на 340 милијарди долари.

Gorenje неодамна потврди дека е прекината соработката со Panasonic.