Gorenje годинава ја завршува со загуба од 40 милиони евра, за следната планира добивка

39

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство, Gorenje оваа година ќе прикаже висока загуба, а кинескиот сопственик Hisense, планира да направи промена и проектира добивка од 30 милиони евра во 2020 година, соопштуваат тамошните медиуми.

Според Лан Лин, директор на Gorenje, планирано е компанијата оваа година да прикаже загуба од 40 милиони евра, додека целта е следната година да се направи прелом во работата и да се оствари добивка од 30 милиони евра.

Според него, тоа би се постигнало со модернизирање на производството и поголема ефикасност на работата, но и со намалување на бројот на вработени, што во прв ред се однесува на луѓе од Управата.

Gorenje во Словенија вработува повеќе од 6.000 лица, а уште четири во други европски земји, првенствено во Чешка и Србија.

Hisense го презеде Gorenje за околу 300 милиони евра, предвидувајќи дека словенечката компанија ќе биде центар за нивните деловни операции во Европа.

Фото: Facebook