Кинеската групација Hisense, којашто од неодамна е сопственик на Gorenjе ќе гради нова фабрика во словенечкиот град Велење, пишува Poslovni
Според директорот Фрањо Бобинач, кој е сега и претседател за маркетинг во Hisense International, фабриката планирано е да отвори место за стотина нови вработувања и за почеток да произведува еден милион телевизори годишно.
Групацијата Gorenje во првиоте шест месеци од 2018 година оствари профит од 400.000 евра што е речиси за 10 пати помалку од истиот период минатата година. Оперативната добивка во првата половина од оваа година изнесуваше 9,7 милиони евра, што е за една третина помалку во однос на истиот период лани. Според компанијата причина за ова била несигурноста која што се појавила за време на потрагата по стратешки партнер.
Словенечкиот производител на апарати за домаќинство има и неколку погони во Србија каде моментално работат околу 3.000 работници.
Фото: Gorenje