Gorenje Македонија со ново Gorenje Студио во Скопје и со промотивен попуст

125

gorenje

Gorenje Македонија вчера официјално го отвори новото Gorenje Студио во Македонија. Станува збор за единствен концепт на изложбен салон каде е изложен голем дел од асортиманот на Gorenje по највисоки стандарди.

Gorenje Студио е лоцирано општина Аеродром, на почетокот на Ново Лисиче, на улица Видое Смилевски Бато бр.2б, каде што потрошувачите ќе имаат уникатна прилика да ги видат сите најнови апарати на регионалниот лидер во продажба на апарати за домаќинство – Gorenje вклучувајќи ги и атрактивните дизајнерски линии: Karim Rashid, Gorenje ORA ITO, Simplicity, Classico, како и ретро колекцијата на Gorenje.

Освен големиот избор на машини за перење и сушење од најновата генерација и вградни апарати за готвење, во Gorenje Студио потрошувачите ќе имаат и голем избор на мали кујнски апарати.

„Од пред неколку години развивме нов уникатен концепт на изложбени салони, сопствени малопродажни објекти наречени Горење Студио. Со слоганот „сé за Вашиот дом на едно место“ Горење Студио преставува изложбен простор на голем дел од асортиманот на Горење по високи стандарди кои важат за сите европски држави. Во нив има бела техника, мали апарати за домаќинство, бојлери и клима уреди од Горење. Наскоро очекуваме и промоцијата на дизајнираната линија апарати за домаќинство од страна на Филип Старк, еден од најголемите модерни дизајнери на денешницата, која беше презентирана оваа година на ИФА саемот во Берлин. Со оваа инвестиција воведуваме нов и иновативен продажен концепт и ги применуваме високите стандарди на малопродажни објекти и во Македонија“, вели директорот на Горење, Ненад Јовановиќ.

По повод отворањето на првото Gorenje Студио во Македонија, потрошувачите од 8 до 17 октомври ќе можат да купуваат со промотивен попуст!