Словенечката компанија Горење и германски Volkswagen заеднички работеа на проект ретро фрижидер, којшто има облик и дизајн на легендарното комбе VW TI, претставено 1950 година, пишува Журнал24.си.
Новата серија фрижидери пресликува една од иконите на Volkswagen. Ова специјално издание на ретро фрижидери е достапно во две нијанси, винтиџ – нежно сина и бордо црвена – шампањско.
Фрижидерот ќе биде претставен на IFA саемот што ќе се одржи во Берлин во септември.