Горивата и неделава по исти цени

8

Горивата од полноќ нема да ги променат своите цени по коишто се продаваа и минатата недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 63, а Еуросупер БС-98 61 денар. Дизелот Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се точи по 52 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде за пола денар пониска и ќе чини 41 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 31,436 ден/кг.

Фото: Freepik