Горивата од полноќ со пониски цени

17

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар поевтинуваат Еуросупер БС – 95, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство. Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 66 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 52,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 41 денар за литар.

Бензинот Еуросупер БС – 98 во следните две недели ќе се продава по 68,50 денари за литар или поевтин за половина денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.01.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,525 ден/кг.