Горивата поевтини од пола до 1,50 денари

66

Горивата од полноќ поевтинуваат од 0,50 до 1,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и 98 поевтинуваат за пола денар, па нивните нови цени ќе бидат 59,50, односно 61,50 денари за литар.

Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за 1,50 денари за литар и оваа недела ќе се продава за 50,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит и новата цена ќе биде 50,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,956 ден/кг.

Фото: Freepik