Горивата поевтини за пола денар

18

Од полноќ за половина денар поевтинуваат горивата, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67 денари за литар, за истата количина гориво возачите на Еуросупер БС-98 ќе одвојат 69 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) во следните седум дена ќе биде 56,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за еден денар и неделава ќе чини 45,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,393 ден/кг.

Фото: Freepik