Горивата поевтинуваат од полноќ

20

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95, дизелот Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,50 денари, додека бензинот Еуросупер БС – 98 добива цена пониска за еден денар.

Па така, литар Еуросупер БС -95 ќе чини 69,50 денари, додека новата цена на дизелот е 62,50 денари. Еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 72 денари. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,846 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.05.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,118 ден/кг.