Горивата поевтинуваат за 3,5 денари

22

benzin tece pumpa

Цените на горивата од полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 57,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 се продава по 59,50 денари за литар. Намалување од 3,5 денари има и кај дизел горивото Еуродизел (Д-Е V), коешто ќе се продава по цена од 39 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за четири денари за литар, по што новата цена е 27,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 ден/кг.