Горивата поевтинуваат за еден денар

2

Горивата од полноќ поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 ќе чини 68,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 71 денар. Новата и пониска цена на дизелот Еуродизел (Д – Е V) од полноќ ќе изнесува 63 денари, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) оваа недела ќе чини 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,876 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,158 ден/кг.

Фото: Pixabay