Горивата поевтинуваат за половина денар

2

Фото: Pexels

Цените на горивата од полноќ поевтинуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена за еден литар бензин Еуросупер БС – 95 ќе биде 61 денар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за литар. Дизелот (Д-Е V) ќе чини 58 денари за еден литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.