Горивата поевтинуваат за половина денар

3

benzini

Бензините и дизел горивото од ноќеска ќе поевтинат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64,50 денари. Дизелот поевтинува за пола денар и ќе чини 49,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,169 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.06.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,788 ден/кг.