Горивата поскапуваат од 1,50 до три денари

14

Фото: Pixabay

Бензините од полноќ поскапуваат за 2,50 и три денари, додека дизелот ќе добие цена повисока за 1,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за три денари и новата цена ќе биде 71,50 денари. Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 73 денари, што е поскапо за 2,50 денари во споредба со цената во изминатите дв недели.

Дизелот Еуродизел (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари и ќе чини 62,50 денари за еден литар. Исто така, за 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.