Горивата поскапуваат од полноќ

112

Од полноќ горивата поскапуваат од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за пола денар и ќе чини 60 денари. За еден денар поскапува Еуросупер БС – 98 и новата цена ќе му биде 62 денари за литар.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, па нивната нова цена ќе биде 53,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден/кг.

Фото: Freepik