Горивата поскапуваат од полноќ

75

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за половина денар, додека Еуросупер БС – 98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 67,50 денари за еден литар, а на Еуросупер БС – 98 70 денари. Новата цена на дизелот ќе биде 62,50 денари за еден литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,932 ден/кг и неговата нова цена ќе биде 37,339 ден/кг.

Фото: Pexels