Горивата поскапуваат за половина денар

6

goriva-pixabay-345-580x418

Фото: Pixabay

Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 66 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 67,50 денари. Еуродизел (Д – Е V) во следните две недели ќе чини 54,50 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 43 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,02 денари и изнесува 28,333 денари за килограм.