Горивата повторно поскапуваат од полноќ за 3,50 и 8,50 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 8,50 денари/литар, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени нанафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 6,50денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисокималопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на МазутотМ-1 НС изнесува 59,165 ден/кг.