Горивото Екто на Лукоил во соработка со врвни автомобилски брендови

35

Зголемена моќност на моторот, чистење на системот на вбризгување, намалување на потрошувачката, како и на емисијата на штетни издувни гасови во атмосферата – во сите овие карактеристики на горивото Екто на Лукоил се пронајде и Порше. Тоа резултира со возбудлива соработка помеѓу глобалната нафтена компанија и препознатливиот авто – бренд основан во 1931 година. Како особено квалитетен производ, Лукоил во својата стратегија за развој го позиционира Екто кон соработка со лидерите во автомобилската индустрија како Ауди и БМВ, а од годинава Порше.

Брендираните горива ЕКТО се произведуваат во Русија од 2006 година. Во балканскиот регион, Лукоил Македонија е прва компанија која што започна со продажба на овие горива, а тоа се случи на 15 јуни 2011 година. Станува збор за производ којшто слободно може да се нарече гориво на модерното време.

На комерцијален план, пак, истото до купувачите стигнува по исти цени како и останатите моторни горива. Како врвен глобален бренд Лукоил го испитува квалитетот на моторните горива во меѓународни специјализирани лаборатории.

“Вистинска потврда за квалитетот, сепак, се потрошувачите кои во пракса го забележуваат зголемувањето на моќноста на моторот и во исто време, заклучуваат дека штедат при потрошувачката на гориво. Резултатите од спроведените испитувања во меѓународни специјализирани лаборатории покажуваат дека при користење на Екто плус излезната моќност на моторот се зголемува, а истовремено, се заштедува гориво споредено со европскиот стандард за Еуросупер БС 95“, велат од Лукоил Македонија.ж

Лукоил е компанија што на светско ниво има лидерска позиција. Уделот на пазарот го задржува со цврста гаранција за квалитет и со особено висок стандард на услуги. Во Македонија, пак, Лукоил досега инвестира над 45,6 милиони долари, а компанијата зафаќа околу 15% од нафтениот пазар во земјата. Мотото на компанијата е Секогаш во движење и водејќи се по него, компанијата секојдневно работи што подобро да ги задоволи потребите на клиентите. Лукоил е препознатлива по тоа што има целосен циклус на производство што вклучува добивање, преработка и реализација на нафтени деривати. Во рамките на оваа глобална групација, Лукоил Македонија годинава вторпат беше прогласена за најдобро претпријатие на Лукоил надвор од границите на Русија.