Господар на прстените на Amazon ќе чини над 465 милиони долари по сезона

49

Серијата Господар на прстените на Amazon ќе биде еден од најскапите потфати на технолошката компанија.

Министерот за туризам на Нов Зеланд откри дека научно фантастичната драма ќе биде една од најскапите телевизиски серии што се некогаш снимени, а цената на една сезона ќе биде околу 465 милиони долари.

“Можам да кажам дека Amazon ќе потроши околу 650 милиони долари само во првата сезона“, вели Стјуарт Неш.

За споредба, Game of Thrones на НВО чинеше околу 100 милиони долари годишно. Епизодите во првата сезона чинеа околу шест милиони долари, а до осмата сезона достигнаа 15 милиони долари.

Amazon во 2017 година ги откупи правата на британскиот автор на Господар на прстените, Толкиен, за 250 милиони долари, пренесува CNBC.

Фото: Facebook