Говорот на телото – важен сегмент во бизнис комуникацијата

176

prekrsteni-race-pexels

Фото: Pexels

Многу истражувања покажале и докажале дека 50% – 90% од комуникацијата е невербална. Кои се најпрепознатливите форми на говорот на телото и како тие се интерпретираат во бизнис комуникацијата, во продолжение.

Контакт со очи

Очите се најмоќниот сегмент од говорот на телото. Тие најдобро ги отсликуваат нашите емоции. Доколку соговорникот често ве погледнува во очи, значи дека комуникацијата е искрена и отворена. “Зјапањето” пак, покажува агресивност.

Држење на телото

Ако сакате да делувате доминантно и авторитативно, стојте исправено со рамениците наназад. Стоeње или седење во згрбавена положба укажува на несигурност, вина или слабост.

Имитација

Повеќето луѓе се чувствуваат попријатно со некој кој стои или седи во иста положба како нив. Па така, седечката опуштена положба е најдобра кога се состанувате во клучниот купувач/клиент.

Ракување

Ракувањето подразбира подготвеност и добра волја на почетокот на комуникацијата, како и согласност на крајот на состанокот. Овој контакт многу добро ја отсликува дозата на искреност.

Рака на лице

Дури и кога зборовите се оние вистинските, движењата рака-лице, како што се држењето на брадата, чешкање по лицето, покажуваат загриженост или недоволна убеденост во зборовите на соговорникот. Ако соговорикот ја покрива устата додека зборува со вас, можно е да не ја кажува вистината.

Фацијална експресија

Лоша вест кажана со насмевка ќе биде сосема поинаку примена, од лоша вест соопштена со намуртено лице. Фацијалната експресија игра важна улога во многу сегменти во бизнис комуникацијата.

Позиција на рацете и нозете

Прекрстени раце или нозе, укажува на незаинтересираност или расеаност. Во спротивно може да бидат знак на прифаќање на одредена позиција или услови.

“Окупирање” простор

Некои луѓе стануваат и се движат наоколу, за да изгледаат подоминантни. Оние пак што се во седечка положба ги протегаат нозете, што повторно укажува на личност што сака да биде авторитет во очите на другите.