Град Загреб ќе основа фонд за инвестирање во стартапи

21

Money and plant.

Град Загреб планира да основа сопствен фонд за инвестирање во стартапи, пишува Пословни дневник.

Целта е да се направи нов финансиски инструмент на локално ниво кој би ги поддржал стартапите од Технолошкиот парк Загреб во понатамошен развој. Парите планира да ги вложи градот, а ќе се бараат и средства од Европскиот инвестициски фонд, па се до venture capital фондови и бизнис ангели.

“Загреб сака да развива иновативно претприемништво, а на претприемачите главен проблем им е недостиг на извори за финансирање. Затоа сакаме да направиме нов инструмент кој подоцна би се полнел и со пари излезени од успешно финансирани стартапи”, вели Фране Шесниќ, директор на Развојната агенција Загреб.

До крајот на годината ќе биде готова студијата која ќе покаже кој е најдобриот модел за ваков финансиски инструмент, дали ќе биде фонд, фондација или нешто трето, а би требало да стане оперативен веќе во 2015 година.