Градежен тајкун е најбогат човек во Турција

259

Ерман Иличак, претседател на турскиот градежен гигант Ronesans, е најбогат човек во Турција, пишува агенцијата Анадолија.

Според податоците, 51-годишниот Иличак го симна од тронот Мурат Улкер, претседател на најголемиот турски прехранбен гигант Yildiz Holding, со богатство проценето на 3,8 милијарди долари. Богатството на Улкер е проценето на 3,7 милијарди долари.

Најбогатите Турци имаат богатство од 99,9 милијарди долари, а оваа година на листата се појавија 11 нови имиња.

Бројот на милијардери на листата се намали на 29, додека претходната година беа 40.

На листата, 28 се жени во чија сопственост се 19,7% од вкупното богатство на 100 најбогати Турци.

Семахат Севим Арсел, член на Управниот одбор на Koc holding, е најбогатата жена во Турција со богатство од две милијарди долари.

Фото: Ronesans