Градежен институт Македонија планира да ја преземе Фабрика Карпош

161

Градежниот институт Македонија ќе ја преземе фабриката Карпош АД Скопје. Намерата за преземање е објавена на Македонска берза, а во неа генералниот директор на ГИ Македонија Влатко Иванов ги известува сите акционери на Фабрика Карпош АД.

“ГИ Македонија има намера да објави Понуда за преземање на целното друштво Фабрика Карпош АД Скопје. Барањето за добивање на дозвола за преземање ќе биде поднесено до Комисијата за хартии од вредност во законски предвидениот рок. Понудата за преземање ќе биде објавена веднаш по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“, стои во објавата.

Фото: Freepik