Градежниот сектор во Европа под притисок

41

Големи градежни корпорации во Европа предупредуваат дека “опасниот“ раст на цените и недостигот на многу градежни материјали би можеле да ја подријат програмата на Европската унија за поддршка на економијата во вредност од 800 милијарди евра, наведува Financial Times.

Градежниот сектор во ЕУ генерира скоро 10% од бруто домашниот производ на Унијата, а големи инфраструктурни проекти се дел од значајниот фонд за закрепнување на официјален Брисел, којшто дели бесповратни средства и заеми за обнова на економиите по пандемијата.

Но, цените на градежните материјали, од челик, преку дрво, бетон и бакар, имаат голем скок во последните неколку недели, бидејќи економиите во Европа, САД и Кина побрзо закрепнуваат од другиот дел од светот.

Фото: Pexels