Градежните компании од просторите на поранешна Југославија со здружување во конзорциуми и кластери можат да ја унапредат продуктивноста и да бидат конкурентни да реализираат големи инфраструктурни проекти во регионот, како и на трети пазари. Обединувањето на капацитетите во секторот градежништво е одговор на кризата, но на градежниците им е неопходна широка поддршка на државните институции во вид на обезбедување на гаранции за учество во големи проекти, беше потенцирано на дебатта Унапредување на регионална економска соработка во областа на градежништвото, одржана минатата недела во Стопанската комора на Србија, стои на страната на Комората.
Претставниците на најголемите градежни фирми во регионот, во Белград ја разгледаа можноста за опоравување на градежниот сектор, кој е во криза во сите земји од регионот, со цел повторно да се вратат на арапскиот, африканскиот, рускиот, јужноамериканскиот и други пазари, каде некогаш југословенската оператива беше многу ценета.
Во дебатата учествуваа водечки градежни компании од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Хрватска.