Градежното производство во ЕУ во февруари се зголемило за 1,8 отсто

11

Градежното производство во Европската унија, според првата прелиминарна проценка, во февруари е зголемено за 1,8 отсто, објави  Евростат.
Во еврозоната е забележан ист месечен раст на градежното производство од 1,8 отсто.

На годишна основа, градежното производство во јануари падна за 0,4 отсто во еврозоната и за 0,6 отсто во Европската унија, објавено е на веб-страницата на Евростат.
Во февруари, најголем месечен раст на производството во градежништвото е забележан во Австрија 9,3 отсто, Германија 7,9 отсто и Словенија 6,3 отсто, а најголем месечен пад во Унгарија 8,5 отсто, Франција 2,1 отсто, Шведска 0,9 отсто.
На годишна основа, најголем раст на производството во градежништвото е забележан во Шпанија во февруари од 8,3 отсто, Португалија за 4,4 отсто, Чешка за 3,7 отсто, а најголем месечен пад во Холандија од 12,9 отсто. Финска за 6,9 отсто, Австрија 5,9 отсто.

Податоците за Естонија, Ирска, Грција, Кипар, Латвија и Литванија во моментов не се достапни на веб-страницата на Евростат.