Градот во којшто е невозможно да се држи социјална дистанца

170

Околу 200.000 луѓе во Хонг Конг живеат во стан со големина од 15 квадратни метри, а во нив невозможно e да се држи социјална дистанца, пренесува CNN.

Лум Чаи (45) и пред пандемијата, поради неговото скромно сместување, одел во градот за да ги избегне соседите, но тоа сега е невозможно.

Станува збор за минијатурни станови, кои ОН ги нрарече навреда за човековото достоинство.

Бањите во таканаречените “станови-кафези“ се заеднички, а кујни често немаат, или постојат само штекери за приклучување на решо.

Становите се издвојуваат само од импровизирани или преградни sидови.

Лум плаќа кирија од 232 долари, а живее во станот со уште 10 други лица.

Хонг Конг е познат како град на банкари, но во него најмногу се забележува разликата помеѓу социјалните класи. Ова е еден од најгусто населените градови во светот со 6.544 жители на километар на квадрат.

Епидемијата влијаеше овие разлики да бидат уште полоши, па многумина што живеат во станови-кафези останаа без сместување затоа што не беа во можност да платат кирија.

Во градот се воспоставени рестриктивни мерки заради ширењето на вирусот, кои беа продолжени до првата недела од мај.

Забрането е да се слави Денот на трудот, а не е познато дали ќе бидат откажани сите собири во јуни и јули.

Министерката за здравство Софија Чан рече дека општеството ќе треба да се навикне на рестриктивните мерки, бидејќи тоа ќе стане нормалност.

Фото:Pixabay