Градови во кои најдобро се заработува

283

Просечните плати во Сан Франциско се зголемија за 31% од 2018 година, а градот ја презеде титулата град со најголеми плати во светот минатата година, покажа истражувањето на Deutsche Bank.

Оние кои живеат и работат во Сан Франциско заработуваат просечно 6.526 долари месечно, или 42% повеќе од Њујорчаните. Анализата на Deutsche Bank, во која се споредуваат приходите и трошоците за живот во 56 градови низ светот, открива дека просечната плата во Сан Франциско, каде жителите имаа најсилна куповна моќ во светот, се зголеми за 88% во последните неколку години.

На второ место е Цирих, кој нуди просечен месечен приход од 5.896 долари, а по него следи Њујорк, со просечна месечна плата од 4.612 долари. На 4-то и 5-то место се Бостон и Чикаго, со 4.288 и 4.062 долари. На другата половина од списокот се: Сиднеј (3.599 долари), Осло (3.246 долари), Копенхаген (3.190 долари), Мелбурн (3.181 долари) и Лондон (2.956 долари). Важно е да се напомене дека овие податоци се однесуваат на периодот пред кризата.