Градски автобус во Тајпеј трансформиран во “шума“ на тркала

11

facebook

Фото: Facebook

Тајванската престолнина доби необичен автобус во чија внатрешност има многу зеленило, растенија и цвеќе. Станува збор за таканаречениот mobile forest автобус којшто ја носи природата во урбаните места, пишува Taipei Times.

Внатрешноста на автобусот е декорирана со специфични тајвански цвеќиња, а на подот е поставена вештачка трева. Надворешниот дел од автобусот е украсен со мотиви од дизајнерот Ксиао Кинг – јанг.

Автобусот беше претставен минатата недела, сообраќаше еднаш дневно, а возењето во него беше бесплатно.

За да се направи овој mobile forest автобус биле потрошени околу 3.300 долари.