Градскиот превоз намален за 68,6 %, меѓуградскиот за 74,8 %

42

Во второто тримесечје од 2020 година автобуски превоз користеле вкупно 7.136.000 патници, што во однос на истиот период лани е намалување за 64,8 %.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68,6 %, во приградскиот за 56,7%, во меѓуградскиот за 74,8%, додека во меѓународниот превоз за 99,7 %.

Во истиот споредбен период, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени за вкупно 88,2 %.

Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88,8%, во приградскиот 83,9%, во меѓуградскиот 80,6%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99,7%.