Графен – лесен материјал што е 10 пати посилен од челикот

312

grafen

Научници од Универзитетот МИТ успеаја да најдат начин како дводимензионалната пена од јаглерод – графен, да ја компримираат во 3D конфигурација во облик на сунѓер, пишува Inhabitat.

Овој лесен материјал има густина од само 5% од густината на челикот, а може да има и до 10 пати поголем отпор на притисок од него.

Графенот, којшто е познат како еден од најцврстите материјали во светот, со помош на топлина и притисок, станува уште посилен. Овој материјал може да се користи за производство на кондензатори, батерии и може да ја зголеми ефикасноста на соларните панели. Може да се користи и во градежништвото, но е прилично скап. Затоа, научниците истражуваат како неговата изработка да биде поевтина и со тоа да биде многу подостапен.