Граѓани и фирми на УЈП ѝ должат 10 милијарди денари

32

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави 11-тата листа на должници за долгови доспеани до 31-ви јули и неплатени до 31-ви октомври. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата објавени се 2.020 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 2.539 физички лица (повеќе за 19 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.129.716.081 денари, повеќе за 15.032.646 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.969.945.359 денари (помалку за 3.066.767денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.770.722 денари (повеќе за 18.099.413 денари од претходната листа).

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари. За правните лица тој долг е повисок од 300.000 денари.

Фото: Pixabay