Граѓаните кои платиле сметки за струја на денот на затворањето на Еуростандард да не плаќаат повторно

147

ЕВН Македонија ги известува своите корисници кои извршиле уплата за потрошена електрична енергија преку Еуростандард банка и Македонска пошта на ден 12.08.2020, дека истата не е евидентирана во системот за наплата на компанијата. Ова произлегува од фактот што ЕВН се уште нема информација од Еуростандард банка и стечајното раководство, за тоа кои уплати биле реализирани на денот на затворањето на банката.

Согласно известувањето од Народната банка, се очекува брзо решение на ваквата состојба, транскациите набрзо ќе бидат реализирани и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки повторно. Во меѓувреме, а со цел да се надмине оваа ситуација која не е по вина ниту на корисниците, ниту на ЕВН, ги замолуваме сите корисници кои извршиле уплата на тој ден за потрошена електрична енергија преку Еуростандард и Поштенска банка, да ни приложат доказ за уплата во електронска форма на info@evn.mk

Со тоа, ЕВН ќе ги земе предвид уплатите приложени од корисниците и истите нема да бидат предмет на исклучување поради недостиг на информација од банката. Доколку тоа не го сторат и во меѓувреме сепак бидат неправедно исклучени, по приложен доказ за извршена уплата, корисникот ќе биде повторно вклучен без надомест за повторен приклучок, (без надомест се однесува само за приложени уплати на 12.08.2020).