Граматиков: Туристичката сезона ќе ја спасиме само ако ги убедиме гостите од странство дека сме безбедна дестинација

116

Туристичко угостителската комора е исклучително внимателна во однос на проектираните очекувања за туристичката сезона за оваа година. Притиснати од товарот на  минатогодишниот неуспех алармираат дека овој пат треба многу повеќе да се работи на сликата за состојбата во земјава која се создава кај потенцијалните гости од странство.

“Затоа е важно да се направи добра промоција на Македонија како безбедна дестинација. Важно е и да започне вакцинацијата за заштита од вирусот, бидејќи тој процес ќе влее поголема доверба кај странските оператори’’, вели Владимир Граматиков, претседател на Туристичко- угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија во интервју за Локално.

Предупредува дека постои голема веројатност дека ќе се повтори крахот од минатата година доколку не се преземат неколку чекори: подобро менаџирање на здравствената криза во земјава, преземање соодветни чекори за промоција на Македонија и работење  на развојот на домашниот туризам.

Фото: Pixabay