Грантови од 10 милиони евра за креирање нови работни места во земјава

100

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  денеска се сретна со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), Абдуш Демири и неговите соработници.

Агенцијата за вработување е клучна институција за спроведување на проектите и програмите финансирани од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, чие портфолио во периодот 2014-2020 достигнува 23 милиони евра.

На состанокот се потврди важноста од забрзување на спроведувањето на активните мерки за самовработување и формализација на бизниси, како и грантовите за креирање нови работни места во висина од 10 милиони евра обезбедени во рамки на буџетска програма ЕУ за социјална и економска отпорност во Република Северна Македонија.

Соговорниците се согласија да се продолжи со доследно спроведување на обврските од Програмата ЕУ за младите, која се однесува на имплементацијата на Гаранцијата за млади и предвидува поддршка на повеќе од 9.000 млади лица во Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион.

Се договорија и конкретни чекори за забрзување на имплементацијата на проектот Активација на ранливите групи на пазарот на труд, кој е во функција на спроведување на социјалната реформа и интеграција на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на труд.