Грчки авиокомпании под истрага на ЕУ

26

Aegean AirlinesЕвропските антимонополски власти отворија истрага поради најавите на грчкиот авиопревозник Aegean Airlines дека ќе ја преземе грчката авиокомпанија Olympic Air, јавува Ројтерс.

Европската комисија соопшти дека стравува поради можноста трансакцијата да придонесе за зголемување на цените и влошување на услугата на домашните рути надвор од Атина, каде што споените компании ќе имаат монопол.

“Наша должност е на грчките патници и на туристите што ја посетуваат Грција да им обезбедиме да патуваат по конкурентни цени, уште повеќе во вакви економско предизвикувачки времиња”, изјави еврокомесарот за заштита на пазарната конкуренција, Јоакин Алмуња.

Комисијата ќе донесе конечна одлука во рок од три месеци.

Првиот обид за спојување на овие две компании беше блокиран од страна на Комисијата пред околу две години врз основа дека може да се монополизира националниот пазар.

Комисијата во февруари годинава блокира сличен обид, кога Ryanair сакаше да го преземе својот ирски ривал Aer Lingus.